Дали и во Скопје го нема веќе веган ,, путер" на Мегле? Дали негде ви се мернал во некој маркет? Овде го нема во ниеден маркет, додуша само во Кит Го и Тинекс го имаше, за Жито не сум сигурна,ама сега го нема. Не е баш путер-путер ама вкусот му е преубав, мене поубав ми е од прав путер, а веќе кај нас го нема 2 недели. Навистина штета ако веќе не го донесуваат, зашто во странство сеуште го има. Ако некаде го сретнете пишете ми од каде да си земам залихи. Се надевам за краток период е повлечен. И уште нешто свежи урми зошто никаде нема , дали на лето не ги донесуваат? Лани ич не се сеќавам како беше имав залихи ама се мислам дека беа и тогаш повлечени. Пред некоја недела од Стокомак земав едни воопшто не беа убави, дрвени а мене урмите ми се замена за шеќер во повеќето торти и колачи.
Има рамстор. Само јас ли не сум воодушевена од крем од ф’стак? За леска крафт се нај, предобри се, ама мене вкусот воопшто не ми лежи. Не знам дали се свежи, ама купував кралски урми пред некое време од рамстор и беа супер. Јас исто за лесни благца ги користам и свежи ме подзамисли сега… мислиш на тазе?
Свежите се баш така меки, сочни, јас последно што најдов од Стокомак и тие имаа улога на свежи ама веќе исушени беа никакви.
Чудна работа ама никаде по маркетиве не можам да најдам од оние лижавчиња како прстени што ги лижевме како малекчи. Дали некоја од вас знае во кој маркет/продавница би имало?
Да не сте го виделе кај нас случајно? Или општо, некаде да се продава минт сладолед? Однапред благодарам на одговорите
Види низ маалскиве продавници или во продавнициве што се по пазариве. Во поголемите маркети тешко да најдеш.
Дали и каде може да се најде celtic sea salt во Македонија??? Зошто мислам дека нема никаде, ако не грешам. Или од каде да се набави ако нема тука?