За разлика меѓу течна и боја во прав не знам, ама розова имам земено во прав од Веро. Течна розова немам најдено. Исто имам ставано ептен малку во бел фил црвена и ист ефект сум добивала како ако купам розова. Скоро убедена сум дека видов некни во K-Shop. Секогаш од Веро земам, во делот со тегли ќе разгледаш. Пробвам да се сетам оти мислам дека и од овие Кам/Стокомак некое еднаш најдов, ама не секогаш наоѓам.
Во Кам е најефтин, го има и во Рамстор а сигурно и Веро и Тинекс ама натаму ретко одам па не сум 100% сигурна
Дали од ова место го купи? Колку пари беше? Видов дека има во она ла ганаш, ама таму се е прескапо па очекувам чоколадово да е 2000 ден
Јас го купив од ова антеп, во Веро има дуќан. Мислам беше едно парче околу 50-60 денари не се сеќавам точно. Парчињата се со големина на тортица или баклава.
Може ли слика кој е тој од Кам? Овде прочитав дека има таму, сто пати одам, дали не гледам убаво не најдов.
Ти благодарам, јас мислев некој друг е. Од Кит Го го земам околу 290 ден. Таму колку е? Јас па таму го немам приметено, изгледа стварно не гледам добро
Го нема во сите КАМ маркети. Во мојот локален КАМ никогаш не е донесен, бар јас не сум го видела. Јас го купив од Рамстор. Ама не е убав, џабе парите.
И јас тоа ќе кажев ама ми избега мислата прееска. Вкусот и мене не ме воодушевува. Еднап го купив и толку
Овој од крем од фстак посен е или, некако не можам да се определам, пишува растително млеко, обезмастено ама пак некако
Не знам дали е за темава, но да се обидам. Да не сте виделе случајно негде калап за колачи како овој, за gingerbread man?