Каде да најдам киноа? Побарав со Веро и Стокомак немаат. Во ДМ некако не ми фаќа око таа био шарената киноа. За Скопје прашувам
Девојки, урда што е најблиску по вкус до домашна, која ја земате? Досега немам земано купечка, се домашна зимав.
Не знам точни цени, но не се прескапи: делиција аеродром, црвената канела во козле, кремисимо на млечен
Најде ли? Извини малку доцна, бела органска киноа има и во Зегин (поголемите аптеки на Зегин), и во Зегин Хелти Фуд (во ГТЦ). Јас лично имам земано од Веро Тафталиџе. Инаку и во Супер Тинекс има.
Здраво, каде би можела да најдам новогодишни мрвици за мафини, колачи. Исто така би сакала да прашам каде би можела да најдам целофан за завиткување на подароци. Ви благодарам на одговорот
Во веро лани купував сигурно и сега ги има, исто мислам дека имаше и во рамстор. А за целофанот види во некоја цвеќара
За новогодишни трошки види и во Стокомак, често носат сега пред нова година, прати во летоците. Целофан или во цвеќара или во Џамбо.
Каде има мали чашки за сервирање ко во кетеринг што ги користат? Барам во овој стил, но помали, ко за еден залак, што се вели.