Мислам дека овие се коктел цреши/ мараскино цреши. Да провериш кој увезува италијански производи, таму би требало да има.
Некаде на фејсбук ми излезе крем од ф'стаци од КИМ ( од онаа фирма што има кечап и мајонез). Го има некој пробано ? Во каква форма белки од јајца?
Во прав да најдеш кај овие што продаваат протеини за фитнес, а во течна мислам дека нема. За течна не е подобро да си купиш јајца и да ги одвоиш белките од жолчките. Така мислам е многу поевтино.
Каде има чипс од банана и чипс од јаболко? Порано имав видено од јаболко во Стокомак, и не беше скап, ама после тоа не го најдов. Во Bellina видов дека има, ама прескап е, 250 денари за 70гр.
Во Зегин имаше чипс од јаболко, од банана немам видено никаде досега. Барај и во продавниците за здрава храна. Можеби и @Dust прави или познава некои.
Како и по маркетиве да гледав порано, како и по Зегините дека имаа чипс од јаболко. Едните беа чисто јаболко, другите амбалажи со цимет, ама не сум ги начекала набрзо. Чипс од банана немам видено по маркети. Да видиш по дуќани за здрава храна евентуално ако имаат нешто на залиха.
Ве молам за препорака за џем од шипинки кој е најприближно вкусен како домашен? Би дала цело богатство за него
Еко фарма Беровко барај ги на фб, преубав е. Домашен е, не е ужасно благ како купечките и вреди секој денар.