Ја купив во ДМ јас и прилично убава е. Малку е скапичка ама јас пијам преку еден или два дена и ми трае.
50 грама беа околу 350 ако памтам добро, мислам дека имаше од неколку фирми. Можеш да земеш на грамажа колку сакаш.
Можеби си нашла, јас порачувам од Биг Фиш кај Рампа, има пастрмки, ципури, ослич, скуша, е само не ми се допаѓа што крапот не го сечат на кременадли, туку цел го продават, кременадли од крап имам купувано од Зелено пазарче, исто има и на пазар Буњаковец риба. Ако ништо друго за друг пат ќе знаеш.
Доста специфичен, како мача лате, ама не би знаела да го опишам.. на некои луѓе им се свиѓа на некои им е најгрдо на свет, и не го поднесуваат.
Да. Првото го има во М киоск. Таква продавница има во ист гејт и на други места. Побарај на ФБ. Цената е околу 100 денари. За втората - го има веќе во неколку продавници, го имам сретнато во маалски дуќани надвор од Скопје. Цената беше околу 60 ден. Би требало да го има и во поголемите маркети, барем за скоро време.
Јас ја спремам со тоа за матење нескафе. Ставам топла вода да ја раствори мачата, после матам со тоа пола минута. После ставам сируп од ванила и млеко и лед Има доста earthy вкус. Мача е уствари мелен чај така да има вкус на зелен чај али не толку хербален light него појак и по smooth. Не знам дали добро опишав али да ахахахаха
На која тема? Јас сум порачувала од Алиекспрес или Тему, ако имаш време за тоа. Може и мали играчиња да искористиш, Џамбо или други продавници за играчки.
Има ли некоја онлајн страна тука од каде можам да нарачам италијански чоколади или барем поквалитетни бонбониери? @Anika55? Однапред благодарам на одговорите