Ако мислиш на ваков тип, овие ми се пробани и се ептен вкусни https://www.instagram.com/laganache.mk/?hl=en
На времето имаше низ маркетиве од Тазе, нели од нив има повеќе видови пуканки. Дали има седиште не знам. Ако не најдеш низ Маркетиве види во Зегин фуд, Белина или во М1 дисконт. Ама во последниве цената е поприлично повисока отколку во маркетите.
Каде има масло од сусам и конзервиран ананас на коцки? Само да не е Веро, евентуално Рамстор, Тинекс, Кам..?
Каде го има ова сирење без лактоза? Баш ова ми треба, а знам дека го нема во аите маркети, па да не лутам.
Кај овие што продаваат состојки за торти и колачи (пр. Долче) или во продавници за здрава храна. Агарот се добива од црвени алги и има иста улога како желатин. Па ако не најдеш и ако не ти е проблем може да се замени со желатин.
Имам купено од Био космос и од NaturaLife, ама моментално не можам да ги најдам во онлајн продавниците. Имам видено и во Долче. https://www.dolce.mk/products?cat=82
Како згуснувач, т.е. има улога на растителен вегански желатин. Па така се користи таму и каде што се употребува желатин или густин. Го додаваат и во супи, сладолед, десерти. Инаку агарот го применуваат и микробиолозите. Со него се прават хранливите подлоги на кои растат бактериите. Ако сте виделе некаде каде биолози држат едни округли чинии (Петриева чинија), е подлогата внатре е од агар и на неа растат бактериите.