Ја имаше лани, ама бидејќи е лимитирано издание не ја произведуваат веќе. Најштета зашто мене ми беше најомилена милка и воопшто чоколадо што сум го јадела.
Ауу гаден е, со путер од кикиритки и со крем, можеш да замислиш..мене лично не ми е вкусен ..инаку сегде го има, јас у продавница у маало го купив.
исто исто исто.И јас го купив од керфур коа го донесоа и ајде се залетав ново нешто нз и коа пробав ептен ми беше грд.И така некако сув беше безвезе.Имаат мн подобри вкусови
Крај на сезона е веќе така што е многу поскап. На пазарче една пакувана кеса беше 100ден, после една недела-120ден. Има и по поголемите маркети како Веро. Вкусот не му е како зелка, повеќе како карфиол, брокула. Супер одговара за салати.
Има корен ѓумбир по маркетиве, моментално цената му е околу 200 денари. Го има и ѓумбирот во прав, 50 гр. пакување, околу 120-150 денари, во аптека и во Тинекс во одделот за органска храна. Го има и во прав во уште помало пакување по маркетиве, во одделот за зачини, околу 50 денари.
Здраво бадемово млеко имаш во биокулт во гтц на 2 спрат. Цената му е доста висока, ама следната недела ќе напишам статија како може да се направи ова млеко во домашни услови со што видно заштедуваш (штом ја објавам ќе ве известам). Јас си го правам сама. Поздрав.
Како што ветив еве рецепт за подготовка на млеко од бадеми во домашни услови со слики и објаснување чекор по чекор. Ќе потрошите околу 90 денари за нешто помалку од литар млеко (излегува околу 900 мл). Поздрав. http://biodevojka.blogspot.com/2015/05/blog-post_99.html
Не, така се конзумира. Може да го стоплиш, ама нема потреба да се вари. Ако прашуваш за бебе до година, не е препорачливо да им се даваат растителни млека, освен ако немаат докажана алергија на млеко, односно нетолеранција на лактоза или на казеинот. После година се дава, оти постои шанса да даде алергија (јаткасто овошје).
Сакав за првиот роденден да и направам тортичка од гриз само за неа, зашто гризот ми е многу невкусен со вода. Тогаш подобро ќе го сварам со вода а ќе додадам нешто убаво да го подобри вкусот
За така може, јас сум правела сутлијаш од киноа со бадемово млеко. Јас мислев прашуваш да не треба да го вариш како кравјото. Не сум те разбрала убаво. Слободно направи и таква тортичка