Лиснати кроасани замрзнати каде има убави? Порано ако не се лажам во Кам начекував ама некако не ми правеа ќеф.
"Моите кифли" на Трио се добри, во Кит-Го ги имам наоѓано, но би требало и во други маркети да ги има.
Farmerboy.mk на Инстаграм да видиш. Има и адреса кај се наоѓа. Знам имат микробилки, и други така нетипични зеленчуци за кај нас.
Можеш сама да го направиш, смеса од зачини е. Цимет, ѓумбир, мускатно оревче, најквирц (пимент, allspice) и каранфилче. Сите мелени да ги измешаш, по една лажица, ќе добиеш pumpkin spice. Ама од искуство, најквирц тешко се наоѓа кај нас, во Грција има сигурно, а јас последно си купив кога бев во Словачка. Кој што, јас зачини купувам (овој конкретно го користам во турлитава, преубав шмек дава). Вака изгледа Иначе овој зачин се користи за мортадела, го дава специфичниот мирис.
Имаш повеќе можности. Ова го пишувам за Охрид и Струга: 1. Да видиш низ чаршија, за Охрид не знам за сигурно, ама Струга има. Има луѓе стојат со мали штандови и продаваат. Едно парче е 50 ден. 2. Да видиш низ некои од пекарниците. 3. Да провериш низ маркетиве. Мислам дека Охрид и Струга, Миса маркет има сигурно, а можно е и Тамаро. 4. Има жени што прават, ако ти треба поголема количина. Пиши на Фејсбук, ѓомлезе Охрид или Струга и ќе ти излезат понуди.
Каде да најдам посни замрзнати пити и паниран кромид (прстени) да се посни низ маркетиве ако воопшто има?
За пити има низ маркетиве, барај со компир, спанаќ или зелка. Најчесто ги пишува како кромпируша, зелјаница. Секогаш читај состојки, а кај тие со спанаќ често има и сирење во нив. Провери во Веро, Стокомак, Зур, кит го. Од благите имаш со вишна, јаболко, мармалади. За прстени од кромид провери во Стокомак или Рамстор.. пред години мислам земав од таму, ама воопшто не се сеќавам за сигурно. Како и да е, секогаш читај ги состојките од позади.
Телешки коски каде има а да не се стално радпродадени? И дали има некаде исечени баш онака на кругови за да се извади коскената срж?
@-Iris- @Annath Најквирц е мускантното оревче, а allspice е пиментот. И двете може кај нас да се најдат во GalaNuts, a и по други места е достапно мускантното оревчe
Не, не е мускатно оревче (nutmeg), пиментот е најквирц, за ова 100% сум сигурна. Не сум проверила во Гала Нутс, ако го има, супер. Се од Грција го влечкам, последно од Братислава го зедов. Дека турли тава не ми иде без него.