Не знам во која тема да прашам, ама каде да најдам и да порачам домашни јајца, ама да се со сигурност домашни, без хормони итн?
Секогаш е подобро да си купиш јајца од фирма со контролирано производство особено сега во лето. Фармите носат јајца 1-2 пати годишно на испитување во АХВ, а боцкањето со хормони е строго забрането. Јас лично не верувам дека некој им дава хормони на кокошките (знам дека секакви превари се прават во Мк) затоа што тие кокошки служат строго за носење јајца, не за јадење, па да ги пумпаат. Домашни јајца никогаш не би купила зашто кај нас препродаваат ʼдомашни јајцаʼ, не знаеш што јаде кокошката и не знаеш тоа јајце кога е собрано, како е чувано итн.
Ги среќавам по социјалниве мрежи нане органик, колку се стварно органски не знам, не сум пробала. Блогеркиве што се бават со исхрана, здрав начин на живот ги рекламираа. Еднаш прашав поскапи се, не ме држи за збор 600-700 ден табла, ми беше скапо и не нарачав.
Каде освен на пакет.мк може да се купат замрзнати дамплингс/кнедли? Овие ги најдов кај нив на сајт, но не можам да најдам дали се достапни и во некои физички продавници...
Можеби не е за тука прашањево, не знам каде да пишам. Некој дали ги користи овие садови? Како сте задоволни?
Во Веро ги имс....а знаете како се подготвуваат? Здраво, Ве молам може ли да ми кажете како ги подготвувате....ги пржите или?
Се пропржуваат неколку минути да добијат боја одоздола и потоа се додава малку вода и се покрива тавчето со капак и се остава уште неколку минути да се динстаат. Има упатство на кесичката.
Има низ маркетите. Имам видено во Стокомак. Ако не најдеш низ маркетите, види во М1 дисконтите во Скопје и во таа азиската продавница К shop во Скопје. Мислам имаа и Рамстор и Веро.