Два дена акам низ градов пробувајќи да најдам специјална продавница со работи потребни за правење/декорирање на торти и колачи, ама без успех. Поточно ми треба "израмнувач на торти" (анг. cake leveler), за да ја исечам тортата на два рамни дела или на врвот да ја израмнам, и е попрецизно од нож. Еве ви слика како изгледа Се надевам дека некој знае
Јас би ти препорачала да си порачаш од Алиекспрес, ако не ти се брза за 20 дена ќе ти стигне на домашна адреса. По МКД кај и да бараш ќе ти биде дупло поскапо. Поздрав
Не ми е прашањево за тука ама бидејќо нема посоодветно место да прашам, а ова до некаде може да пројде бидејќи има корелација продукт-маркет ..па, дали сте ја пробале таа Захир тортата од Кам. Добра е?
Има ли некој сретнато Милка чоколадо, незнам како точно се викаше вкусот, ама памтам дека имаше слика од палачинка и беше 150 гр но од големите??
дали знаете за некоја пицерија во карпош 3 каде фамилијарната капричиоза е до 300 денари и вршат бесплатна достава?
Има ли сеуште по маркетиве,од оние грицки слично на смоки,чипс кои имаа вкус на месо и кои се пржат,се надевам ви текнува?Порано по плоштадите ги пржеа и продаваа.
Каде да најдам од новите овесни каши за деца на Виталиа и дали знаете отприлика по која цена се движат?