Вакви подметачи мали,каде можам да најдам? Може не ми е за тука прашањево,но ако некој знае нека пише,ми требаат итно.
По книжари барај (кај мене во населба ги има во книжара) или пак во Овалекс на битпазар, дуќанчето за додатоци за торти и колачи.
Женски да ве прашам каде би можела да најдам боровинки?Свежи замрзнати сеедно никако не можам по маркетиве да најдам
Замрзнати не сум успеала да најдам до сега кај нас. Свежи купував лани ова време од Веро Џамбо и Веро Тафталиџе. Не им стојат баш кај гајбите со овошје, туку кај што имаат свежо цеден сок и сечено овошје во тацни.
Вчера дискутиравме за боровинките со @Vervine . Денес ги видов во редот на тезги што се веднаш до оградата .Едно канче е 150.
Ако не сум грешка, ова не е грчки јогурт, туку кисела павлака, и тоа од растителни маснотии. Под името грчки јогурт во странство е нешто како кисело млеко. Ако правите рецепти во кои пишува да се стави грчки јогурт, слободно земете кисело млеко, некое со поцврста структура, на пример на Суташ. @babygirl77
Можеби, но на кутиjaта пишува yiaourti, колку што ми текнува тоа е jогурт на грчки. @koritsaki вероjaтно ни е наjкомпетентна за ова, или пак да даде некоj друг предлог
Ова е кисела павлака за јаурти странгисто како ова на сликата се мисли павлака - за јогуртот ние во мк што го пиеме што е во течна состојба се вика ксиногало
Грчки јогурт е нешто меѓу слатка павлака и овошен јогурт, не е дека потекнува од Грција, туку така си го викаат на запад
Макаронс има на штанд во City mall до Дм маркетот, превкусни се и има различни бои. Исто макаронс имам видено и на ул.Максим Горки ,мислам Марфи макаронс се вика слаткарницата. Има и во О ла ла, во Веро и во City mall исто така.