Дали некој знае како се вика слаткарата од чаршија каде што продаваат падобранци и орасници? Разбрав дека најубавите падобранци од Дојрана и др. ресторани се од таму, па дали некој знае каде поточно се наоѓа, како се вика, телефон или некакво инфо? Однапред благодарам.
Дали знаете каде во бт можам да најдам полуготови веџис компири. Ми рекоја имало полуготови како помфритот исто да си ги направиш дома ама никаде неможам да најдам.
@India женска, од каде ти се набавени декорациите врз мафините на последната слика во Фемина инстаграм? Шлаг или хопла е сината пена?
Puff pastry е лиснато тесто во кој било поголем маркет да прашаш има, можеби веќе и во помалите носат.
Тоа е обично лиснато тесто така? Го имаш буквално по сите големи маркети, Веро, Тинекс, Кам... Замрзнато и спремно за печење, има обично празно, а има и со филови.
Не ме фaќaј зa збoр, aмa вo Супер Тинекс имaше oнaкви кo aпaрaтчињa oд кoи тoчиш(не знaм пoсooдветен збoр ) бoнбoнчињa и aкo не се лaжaм имaше и еднoбoјни.
На англиски tater tots, на македонски појма неам ама нешо како компири биле. Едно време се збореше дека ги има во Рамстор ама сите фрижидери ги превртев и не најдов. Ги имате видено?
Вчера загледав нешто чудно во Тинекс компиресто на опаковката, ама не обратив внимание. Утре ќе видам што сум загледала и ќе те известам ако има