Јас купувам од грчкиот јогурт од Веро (погоре спомнатиот), 116 денари пакување од 3 по 200 грама, еве слика Овој има 2% масти, а има и со плава боја пакување со поголем % масти. И аспарагус имам видено во Веро во мала тегличка, точна цена не помнам ама ми се чинеше некако скапо. Свеж немам никаде сретнато.
Последно видов во Рамстор во сити мол..сега скоро беше. Имаше и на paket.mk за достава..не знам дали има сега
Со што не. Најчесто на кришка мачкам лажичка путер и одозгора ставам исецкана свежа банана. Тоа ми е омилена комбинација. Ако осеќам дека можа да си допуштам, знам да направам сендвич, на една кришка путер од кикирики, на друга кришка кремче. Го мачкам и на оризови галети, исто или со банана или со јаболко. Го комбинирам и во овесна каша, односно го варам овесот, оставам да се олади и тогаш му додавам лажичка путер и исецкана свежа банана. Исто, превкусно ми е кога ќе изгмечам замрзната банана и ќе ја помешам со путерот, како сладолед е. А можеш и сладолед да си направиш, изблендирај банана и путер и стави ги да се замрзнат. Понекогаш кога сакам брза и здрава ужинка јадам само банана и путер од кикирики. Ко ќе размислам, во принцип најчесто го комбинирам со банана.
Пред некој ден јадев микс од суво овошје и имаше нешто зелено, не беше кива па ме интересира дали знаете што е за да побарам да си купам.
Специфичен вкус има јаворовиот сируп, зависи за што ти треба. Ако намената му е да биде засладувач тогаш не вреди да фрлаш пари, за здрава варијанта можеш мед да користиш.
Не е здрава диетата со јаворов сируп... Ниту пак овој од Виталиа верувам дека е здрав колку што го рекламираат.. Мора да има нешто мутно кај нив..