здраво, дали некој знае каде во Скопјево би можело да се купат интегрални пити или од хељдино брашно на пример?
Жениии ми се јадат мињони каде може да се најдат во Скопје, кај нас ги има во маалски продавнички и беа на мерење а овде неможам да најдам а страшно ги сакам, ги пробав на Европа не се исти сакам обични мињониии бебето не бира време
Кажете од каде да купам убави сочни, благи урми? Не сум сретнала до сега некои кои би ги купувала секој пат.
Имам пробано од КАМ-маркет, еднаш купивме за дома(никогаш дотогаш не сме купиле путер и овај беше за проба) и добар беше, вкусен.
Мене најубав ми е тој што е во проѕирно мало кутивче, како таан алва шти е пакувано. 100% вели дека е од кикиритки, има три верзии, кранчи, смутх и со лешник, тој дури како крем е за заблажување, 55 ден, извини не знам на која фирма е, а моментално ми е изеден немам дома.
И јас би ти го препорачала истиот што ти го препорача 1209. Убав е, чист путер од кикирики, без шекери и додатоци. Во мало проѕирно канче е од Кам. Е купував уште еден со плаво капаче и тој е чист путер без шекери, само не знам од Кам или Стокомак беше. Ако сакаш здрава варијанта еден од овие два, а ако сакаш поблаг и не ти смета шекерот тогаш и на Пами е убав, го има во Тинекс, а сигурно и во другите маркети.
Ако прашуваш за свежи урми, побарај на тезгите на пазарчињата каде што има суво овошје и јаткасти плодови. Урмите се во кутии по 600-700 грама (со потекло од Иран или така нешто), цена околу 80 денари +. Други опции ти се Кам маркет, Бако и сл. ако немаш локално пазарче во близина...