Што е работата со сојата? Слушнав дека веќе нема да се продава, но соја шницли има кај мене во маалска продавничка, млеко од соја има скоро секаде... Плус во секое второ јадење има соја, нема веројатно сѐ тоа да се укине...
Аеродром, ама имам слушнато и од други дека виделе кај нив низ населба, така да најверојатно останале некои последни залихи. Побарај, може ќе начекаш нешто.
Има во Тинекс, баш пред 2-3 дена се мислев да ги купам. А штом ги има тука, веројатно и во другите маркети.
Добро ни еден маркет во Скопје не продава тесто за пица во свежа форма ? Обично идат роловани во хартија дома само размесуваш и си ја правиш пицата.
@Elen4ence Јас ги имам сретнато скоро во секој маркет, особено во Скопје. Не стојат во делот кај благото и чоколадите, туку во деловите кај состојките за торти и сл, шлаг пени, декорации, вештачките вкусови и сл, провери и не се многу скапи, мислам дека не надминуваа 50 денари, зависи од грамажата
Nutritional yeast сте сретнале ли досега? Многу се користи во веганската кујна како замена на кашкавал