A во ова Џамбо што е во Битола ги има?Или само во тоа во СК? Spoiler Ова е за во храна и пијалоци или мене форумов,малце ми е стретариран* денес?
Кој ме тераше да ја отварам темата за Локум имаа прашувано низ темата ама немаше одговор па да прашам и тука дали знаете во Ск некаде да се продава Крушевски локум
Кој е проблемот со јогобела овошните јогурчиња,, никаде ги нема во продавниците, за во Битола прашувам?
Нема повкусно нешто, послатко. Меко, вкусно, пресно, се топи во уста, со големи оревчиња и лешничиња. Само во Крушево го имам видено и од таму си купив.
Незнам за крушевскиов локум , немам пробано , ама на локумот од Благој Ѓорев (Велес) од тие до сега што сум ги јадела му нема конкуренција :wink:
Каде можам во Скопје да купам газирани пијалоци по пониски цени (ми треба поголема количина на лименки Кока-Кола, Фанта, Швепс)?
Има ли на пазарите јагоди? Секаде на форумот гледам слики од , а не сакам храна со вкус на јогоди, сакам вистинскии...
Има, баш деновиве гледав. Случајно одминав една тезга на Бит Пазар, огромни јагоди колку сливи големи беа.... Скапички се, ама се исплати...
Едно кутивче пластично 100 денари, последниот пат кога купив беа толку на Буњаковец, сега гледам мама купува во ќеса по повеќе, може и поевтиниле.
Колку сливи? Поарно колку јаболка речи На прв поглед премногу примамливо, ама после ти доаѓа да се запрашаш дал ќе каснеш нешто природно, зашто толкава јагода... Едвај се воздржував да не купам
^ јас пред некој ден пазарев и видов ЈАГОДИ (на пазарче) со цени околу 50денари. Spoiler Нели си варираат..па имаше и од 40 и од 60.