Не знам каде има, немам видено во продавници ама има кај добавувачите на адитиви.. има неколку фирми кај нас што продаваат на големо..ама внимателно со него, многу е штетен, не знам ни зошто би го користел..
Мхм фала ти, бидејќи кога бев во Америка тој се продаваше во кутии во продавниците, па си реков случајно и тука да не го има. Инаку во однос на штетноста, тоа е една погрешна слика која кај народот се пласираше и сеуште се пласира, врз основа на податоците добиени од иницијалните студии кои беа спроведени врз глувци, по откривањето на супстанцата, а кои занемарија неколку клучни моменти при изведувањето на истражувањата. Тогаш се создаде тој фамозен израз “синдром на кинески ресторан” кој всушност нема никаква научна основа позади себе. Инаку може да се користи во релативно мали количини за намалувње на внесот на сол. Јас правев мешавина од 1 третина MSG и 2 третини сол.
Убав песто сос (сирење и зелени зачини) кај нас? Пмс ме дрма, шпагети не сум јадела пола година, сега наумив. Тој од Кам добар е? Или, кој и да е друг, само кажете каков и од каде...
На 7г еспресо најчесто ги има сите и Хорека провери . Малку касно,ама сега гледам. Eдит: И во Нептун.