Каде можам да најдам вакви кеси со зипер горе за замрзнување на овошје и зеченчук ми требаат. Конкретно за смуди..
И јас се убив од барање по маркети, само во џамбо најдов. Дали некој ја има тавава,да сподели искуство? Или да препорачате од каде да купам грил тава со не толку астрономска цена како што се повеќето над 1500,2000?
Може по маркетите да има што се поснабдени, а во Долче продавницата зад Универзална што беше сигурно има. Мислам дека сега е преместена, побарај ги на фејсбук.
Во сите поголеми маркети има на винчини чоко дропс чоколадни/какао капки ги викаат они Пиши на фб lulishte siprom-1 цвеќaрa Имаа до пред некое време..
Маскарпоне е најдобар избор за cheesecake, го имам користено и Philadelphia, и тоа на Z'bregov може и со нив, добри се, и тоа на Мегле од Кам исто така.
Каде да купам убаво какао? Имам пробано неколку, како она на Европа, Витаминка, и некои останати на кои не се сеќавам, ама ниедно не ми направило мерак. Си најдов убава рецепта за ладно какао, ама со ова што го имам дома, буквално ми се уништи рецептата
Ако мислиш на бурито, би ти препрачала да јадеш во Ла Пуерта - на кеј или во Аеродром, од страната на Капитол мол. Цените им се пристапни, а буритата превкусни. Мислам дека имаат страна на фејсбук и/или инста со мени кое можеш да го разгледаш.
Има едно германско во ДМ, ќе го најдеш кај здравата храна што стои. Мене ми беше најубаво. Мислам дека е само тоа во ДМ, така да лесно ќе го најдеш. Туку, сподели ја рецептата за ладното какао ако не е проблем, баш добро звучи.
Фала ти за предлогот, баш деновиве треба да поминам до ДМ, па дефинитивно ќе проверам. Инаку еве ја рецептата - https://www.instagram.com/p/CCYCToSne1H/. Не се сомневам дека е убаво, девојкава ретко, па и воопшто да не прави утка, само до моето какао е што не чини дефинитивно. За смутиња, овес ми е океј, ама за ова дефинитвно не. П.С. Пиши мислење како ќе ти се допадне со какаото од ДМ.
Во една рецепта за колачиња ми бара макадемија (macademia nuts). Дали може тоа да се најде кај нас? И дали може да се замени со лешник? Искрено не ни знам што е
Во сите поголеми маркети каде што има и органска храна, оеганско какао на Био космос, мене ми е многу убаво (го има и во Дм) :