Да, на бензиска Макпетрол, во лименка. Ама мешано е со алое вера. Последно и во тинекс го видов. Многу е убаво.
Го знам убаво е, но ми треба да е само од манго обичен густи сок за во коктел. Доколку не најдам ќе пробам со ова можеби ќе биде убава замена.
Немам сретнато никаде по маркетите слатко од диви капинки. Дали можеби знаете некој што продава домашно направено??
Ми направи лиги, 3 дена го мислев... Имаше на фб природни малешевски производи,нешто така ми излезе и ми се врти со денови, а во маркет не најдов ни јас.
Дали по маркетиве или на пазар се наоѓаат портобело печурки(слични на шампињоните но, доста поголеми)?
Дечки има ли некаде убави лепчиња за хамбургер? Мизерија е изборов, денес земавме од Рептил 4 лепчиња 120 денари, од кои едното внатре цело мувлосано...
Мене најубаво ми е на др.Оеткер. Се друго што сум пробала не е лошо ама не е тоа тоа. Само јас ги земам во кесички,една кесичка 1 шоља чоколадо. Не знам дали некаде ги има во поголемо пакување