Дали низ Скопје некаде сте забележале да има мускатно оревче, ама не мелено, туку цело оревче што оди со ренде во пакувањето? Одамна не сум видела такво, а сакам да купам, оти меленото оревче го нема тој мирис како тазе ренданото.
Може ли некој што знае да ми објасни попросто за следниве поимо Пирово брашно и Прехранбен квасец Ги читам во српски здрави рецепти, утре планирам да идам во набавка па да бидам спремна хаха Фала виии
Пирово брашно ти е брашно од спелта, има во продавници за здрава храна, и во поголеми маркети, имаш и во Био космос. А прехранбен квасец исто да прашаш во продавниците за здрава храна, јас не сум барала таков, па не знам дали има Обичниот пекарски квасец од маркети дали сув дали свеж, не е исто со прехранбен квасец, иако и двата се користат во исхраната.
Фала ти многу А исто сакам да прашам и за Рогач, вид на засладувач е или? И дали во нашиве продавници може да се најде Ару прав?
Сигурна си? Солено е јадењето од рецептот? Овој е веганска замена за сирење, таков вкус дава, не е за благи. Тоа ару да не е agar agar? За згуснување на јадења?
Епа не знам тогаш може не е тоа хаха, инаку ја гледав и солени и благи работи со прехранбен квасец Да тоа Ару како Aru prah го пишуваше затоа буквално го преведов на Мк, во такви рецепти го имаше, замена за Желатин би било изгледа да не знаеш кај има?
Епа значи не е тоа, прашај по пекариве може тие знаат. Агар агар имаш во долче, во еден од каталозите видов и се изненадив што го има и кај нас. @prominent јас си правам таков дресинг сама, ставам 1 лажица сенф, 2 лажици мед и кари и сол по вкус. Ем помалку калоричен ем знаеш што има и си го правиш во зависност дали сакаш да е поблаг или кисел.
И тоа е опција ако не најдам. Има ли врска каков е медот ? @marija_maca ти благодарам, не знам како не сум го приметила. Нема врска што е лут, сакам луто
Нема врска, јас дури и преферирам да ставам од најефтиниот или тој што ми е криатализиран и не го јадам така. Секако ќе се стопи и не се осеќа негов вкус.
Рогачот може да се користи како засладувач, да, го има како прав во маркетите. Ару не знаев што е, го гуглав, мислам дека нема такво кај нас, а најблиску би било тапиока (има во продавници за здрава храна, брашно е).
Постов ти е постар, ама викендов портобело печурките се на попуст во Тинекс. https://www.facebook.com/TINEXmk/