Веро го има сигурно само пази зашто и мене тоа ме збуни го викаат и го пишуваат концентрирано млеко. Ама треба да е во конзервичка.
Ах и мене ме збуни, камоли да го прочитав ова порано хихихи, ајде трета среќа сега барем сум сигурна дека станува збор за истата работа фала ти
Заборавив да прашам, дали знаете дали има кај нас карамел сос? Гледам на интернет дека може да се направи, но ме интересира дали има купечки некаде
Како прелив има на Витаминка, а погуст како топинг (за Трилече на пример) има во Кам и веројатно во сите поголеми маркети
Спамам на темава. Сакам да направам teriyaki chicken и пишува дека треба rice vinegar. Има такво нешто кај нас и колку е?
Во веро во тафталиџе пак Имаш во кутија, имаш во туба, имаш во шише. Ако нешто не знаеш негде дали има, во веро секогаш ќе го најдеш.
Има во Тинекс. За посигурно види во Супер Тинекс или Деликатесен. https://www.e-tinex.mk/default.aspx?e=611350
Да, да, оризов оцет би дошло кај нас. Ама ме интересира што пари е, не ќе давам 300 денари за 2 лажички.
Да? Абе на рецептов што го гледав пишуваше оризов оцет, сусамово масло, соја сос, кафен шеќер, рендан ѓумбир, 300 чуда имаше... После најдов рецепт и за оринџ чикен тој на македонски беше и поедноставен ми изгледаше. А што викаш ти, само соја сос, мед да помешам за сосот, ништо друго?
или можеш да правиш како мене, да гуглаш what can i use instead rice vinegar одговор apple cider vinegar Сум адаптирала мнг вакви рецепти на овој начин и секој пат ми испаднало одлично Сепак секогаш сум во потрага по вакви состојки, ако случајно најдам сигурно ќе ти кажам ( сега за сега no luck)
@MissSiki Еве погоре ми пишале дека имало оризов оцет во Тинекс, Зегин, а членка во ЛП ми кажа да проверам и во Рамстор и Биокосмос. Да си знаеш и ти за нареден пат
Чајни колачиња ама завиткани по неколку како на сликава прозирно? И од нутелата од 30 грама има веќе по маркетите?
Многу мали теглички нутела видов во Кит Го. Не им видов грамажа, па не знам дали за истите зборуваме. Црвени и бели беа тегличињата, по една лажица крем имаше, таа големина беа. И поприлично скапи во однос на количината.
Така видов некаде ми се мерна по интернет дека е 30 гр. и цена имаше 49 ден. ама не знам кај беше... за комбинација во подарок сакам