Од каде можам да нарачам мекици во кутија (секоја посебно)? И цена ако знаете, бидејќи до сега каде што прашав беше 30 ден само кутијата, што е премногу.
Кутии во Тамапак... Јас за другарка склопував скоро кутии од таму земени, вака изгледаа.. А за мекици во кутија гледаше она во mekicisama на инста ми се чини
Можеби прашањето не е за овде но никако не ми текнува како се вика еден пијалок. Се провава во чаша со сламка овошен пиалок со сецкан мраз.
Вчера ги видов во ДИА, Чаир. Веднаш се до десната каса. Околу 250 се. ДИА гледа на паркингот на НЛБ банка. Еве ги на Гугл мап. https://www.google.com/maps/place/D...97f2c19e8900c51!8m2!3d42.0210938!4d21.449399#
После рампа во Кисела Вода, до таа полу изградената зграда Фиком, има 2 продавници за овошје и зеленчук, во едната го има кремов.
Оној грчкиот јогурт Олимпус? Во Кам-от кај мене го видов скоро, ама сега не го носат веќе. Дали во поголемите маркети, Веро на пример, го има?
Чистите овесни снегулки немаат глутен, но сепак на амбалажата е забележано како алерген од причина што при процесот на производство можат да бидат процесирани на исти машини каде што се процесираат и другите житарки. Во глобала многу луѓе што се алергични на глутен ги консумираат и немаат проблем, но крајниот избор е сепак твој.
Овесот не содржи глутен, ама има авенин, протеин сличен на глутенот. Иначе ги има секаде, во сите маркети, само не сите се декларирани со gluten free. Барај декларирани.