Тој Теријаки сос шо е во Веро не е прав Теријаки шо се употребува во азиската кујна. Состојќите воопшто не се совпаѓаат, впрочем тој во Веро е соја сос со додаток на лук, ѓумбир и сл. во многу мали количини.
Не најдов соодветна тема за прашањево. Каде можам да го најдам средниот дел за правење на топери/украс за колачиња. На англиски се вика poster board backing , но кај нас ниту знам каде да најдам, ни како се вика. Ако знаете, ве молам, помагајте. Фала однапред
Немам видено. Не беше тоа маџун или грешка сум? Сега баш и не е периодов за грозје, а ќе ти речев сама да си свариш две три тегленца.
Не не, маџун колку што знам има течна форма како медот, само шо е од грозје правено, а слатко си е слатко, со зрнца внатре. Баба ми правеше порано, ама веќе годините си го направија своето и нема оваа година, а труден чоек коа ќе се фати за нешто... Срам не срам, ќе побарам по комшиките и баби на другарки, може некоја има...
Се надевам дека се обраќам на вистинското место. Каде можам да најдам во Скопје вакви цветчиња-декорација за на торти и колачи, слично како чоколадните трошки и другите декоративни форми?