Ииии еве ме пак, да ве прашам дали сте јаделе од оние веганскиве ќебапчиња, плескавици и такви ствари, ги имаше на реклама на инста, ама само да се нарача. Е ме интересира дали по маркетиве овде негде има некој таков производ шо е вкусен да се купи.
За рукола, можеш свежа да купиш од оние пакованите спремни за салата. Јас купувам, конкретно, од Рамстор у Центар. Стојат кај рафтовите со зеленчук во фрижидер, плус ги имаш во разни комбинации со др. салати. А за свежа на пазар не верувам дека ќе најдете.
Вакви чоколатца да не сте виделе некаде? Преубави се.. Некој ни го донесе, ама не сеќавам кој,за да прашам од каде се купени
Јас го имам и е преубав!! Иначе јас го земав од Кит-го, само малетко е и скапичко, околу 100 денари, барем тука толку беше
Ако збориме за истиот, имаат и како сенф сос кој наблагнува, има внатре пире од манго, тој е синиот... Леле фантазија се и двата, посебно сенф сосот.
Овој сенф го немам пробано, не знам како сум го промашила, можеби затоа што од таму купувам еден сенф кој е како во туба од паста за заби и е превкусен, особено за маринирање месо. Ама и овој обавезно ќе го побарам. А за овој бургер сос е бољи од било кој друг скап
Не знаев кај да го поставам прашањево, овие Томи мајонезиве од масло од авокадо и конопка мислам беа, ги пробал некој, да каже вкусни ли се, што како ...
Сок од брусница 100%? Или барем 50, 60%... не можам да најдам, а очајно ми треба за олеснување на маките од уринарна инфекција.