Сега дознав во гостилница кај тоше имаш кафе со крушевски локум газдата е од Крушево се наога кај грчка амбасада
Здраво.Летово јадев нагости во Софиа салата со ајсберг (нешто слично на зелка но мнооогу повкусна).Е сега барав во мојов град и во Ск во керфур но не најдов па ако знае некој да ми каже каде има кај нас ајсберг ?
Дефинитивно не му го знам името дали е кардамон или зелен анис или анасон, ако некој е запознат ве молам за одговор. Се користи како зачин. Еве слика.
Анис и анасон нели е исто? Јас би рекла кардамон не е бидејки он е покрупен .На анасон најмногу ми личи
Девојки, дали знаете од каде може да се купи боракс? Го имам сретнувано на многу web страници како одлично природно стредство за чистење во домот, но никаде неможам да го најдам.
Ти благодарам, jok! Прашав во Зегин, но немаа. Ќе проверам во земјоделска апотека. Многу фала уште еднаш!
Неколку години буквално се спремам да правам божиќни колачи (кекси) и се надевам годинава ќе ги направам Набавив калапи, рецепт ќе најдам, само незнам од каде се набавуваат и со што всушност се декорираат? Шлаг, желатин или некоја сосема трета работа? Не сум многу по овие работи за декорирање десерти и незнам ни каде се продаваат, па ако има некој време и волја нека ме упати.
Мислиш на gingerbread cookies? Вакво нешто? Одозгора се украсуваат со royal icing од белка и шеќер мислам се правеше, ама побарај на интернет, има еден куп рецепти. Може и да го обоиш по желба
Каде можам да најдам сафран? Немам досега сретнато, и дали има во поголемите маркети како Веро, Тинекс и колку чини?
Мислиш шафран? Има во маркетите да, кај што стојат зачините, зависи дали сакаш во кесенце или во стакленно шишенце околу 100 денари му е цената.
има во лептокарија во една продавница мала(кај барон) и кај факс за туризам има маркет,таму имаш повеќе избор на орео(мини орео,со бело чоколадо)