Порано имаше во Џамбо, баш како тие белите и ги купував за cake pops, ама одамна не сум видела, а постојано барам. Може и стапчиња за ражничи да ти завршат работа, ама не е тоа тоа.
Гледав едно време во Веро Центар, во мали ќесички пакувани на др. Еткер. Сега не знам дали има, на друго место не сум видела. Да видиш по продавници здрава храна (се сомневам), или во продавници за слаткарство, како Овалекс и Долче.
Овалекс во Ќерамидница, на Бит пазар на главната улица спроти продавниците за чевли и на Пластичарска после раскрсницата. Долче е некаде кај Универзална Сала, ама не сум сигурна баш. Еве линк https://www.dolce.mk/
Шприцови/кесички за украсување новогодишни колачиња? Некаде видов пишуваше во ДМ ама гледав не најдов, ако може знаете како изгледаат да ми пуштите сликче
Па по маркетиве во последно само такви најлонски начекувам, не сум приметила од тие поцврстите. Со тие најлонските не ми испадна баш прецизно лани.
Овие зип се поцврсти за разлика од обичните. Инаку тие од ДМ не знам кои се. Затоа вака пишав. Овие се околу 120 денари, а има 15тина внатре различна кг и ќе ти се најдат за замрзнување ако ништо друго. Мене ептен ми се практични и секогаш имам при рака.
Здраво на сите, ако знае некој каде може да најдам вакви мали кутиички за колачиња, по можност да не ги нарачувам :/
Белило за кафе е уствари скоро идентично со млеко во прав - прашак на база на растителни масти. Инаку, млеко во прав има по поголемиве маркети, Tinex, Ramstore итн.