Дали некој знае каде може да се најдат чоколадите од најлепше желје, тие двата нови вкусови ? Едниот е божиќен, со колаче, карамела и цимет.
Предлог за ресторан, или некое место каде што има печат месо - скара за носење или деливери ако имаат уште подобро, за Нова година, во Аеродром и околината.
Добив на поклон кафемат на Бош Тассимо. Капсули тассимо за лек нема. Дали сте виделе некаде скоро и каде? Ви благодарам
Дајте ми предлог за убави малечки чоколатца, може и да се полнети или со различни вкусови, но да не бидат вообичаените спакувани бонбониери туку нешто поинтересно. Благодарам
Во Европа има на мерење, јас земам такви, по 150 грама земам од повеќе видови и правам комбинација ако ми треба, има златни срциња, црвени срциња, шери црвени, златни топчиња, има зелени, кафени триаголници, и многу други..
Имаш ли нарачано од овде, да не ни направат некоја мучка.. Лани нарачавме од еден ресторан во Аеродром скара за нг, не украдоа на килажа, дома мериме, скоро кило ипол помалку имаше отколку што треба, не е да речеш малку скратиле, туку многу скратиле..
Јас лично не сум нарачувала, но и јас се распрашував за истото и го добив како препорака. Затоа што за достава обично има пица, брза храна итн. а за скара само за ова место сум слушнала.
Пробај @chokofluffy или @sweetme.krofnicki на инстаграм. Не знам дали мислеше на нешто вакво ама убаво можеш да разгледаш што имаат (пример вториов профил прават персонализирани чоколади), а исто можеш и да сталкаш малце у нивните following за нешто што повеќе ти одговара (имам искуство со тоа сталкањето ).
Женски и јас имам едно прашање,каде може да се најде зачин јенибар? Дали случајно во Бако го има или да не лутам џабе?
Читав коментари на луѓе кај што пишувале коментари за бравос и за нивната достава, речиси и да немаше позитивен коментар и добра оценка за нив, скарата ја носеле ладна, а и кога ќе ја донесле била онака просечна, се чекало премногу, персоналот бил неуслужлив, доставувачот се карал со муштериите, и што уште не, на гугл читав ревју прееска..
Дали во има некаде во Скопје ликеров (Теранино на Аура)? Имам купувано од фришопот во Хрватска, ми се свиѓа премногу, па би сакала за празнициве да си купам еден
Тие ли? https://coffeeshop.mk/product-category/kapsuli/tassimo-kapsuli/ https://e-horeca.mk/proizvod/tassimo-cappucino-choco/