Девојки, овде во Прилеп во Тинекс, забележав дека има Орео, ама се брзав и не купив А гледав дека барате и маршмелоус, има во Прилеп во Бако, си купив и не се како оние шаренине
Јас па незнам што толку им го имате меракот на Орео,мене не ми се ништо посебно на вкус.Пред недела дена видов тука кај мене во маалската продавничка,и им ставиле некоја ненормална цена,незнам точно ама мислам околу 60 ден беше за малото пакување,а тоа големото 160-180.Колку само не вредат за таа цена....
Дали некој знае во кој маркет можам да најдам топчиња,мрвици, светки за украсување колачиња. Барав во Тинекс Драмски бидејќи ми е најблиску но не најдов ништо такво
Јас во топло чоколадо и какао си ставам од оние Харибо шарените. Вака изгледаат, сигурно ќе ти текне на кои мислам. Никаде не можам да најдам бели, ама мене ми се убави и овие.
Аааах генијално, никогаш немаше да ми текне на овие Веро? Јас во веро тафталиџе купив пред некое време, и чоколадни и шарени мрвици
имaш вo Тинекс бaш пред некoј ден јaдев вo еднo мaлo пaкетче имaш 6 кoлaчињa и oкoлу 40 и нештo денaри се
Ми се виде најсоодветно тука да си прашам - ме интересира за мелници за зачини. Конкретно, дали може оние мелниците на Kotanyi што се, за различни зачини, пак да се полнат откако ќе се испразнат тегличките, дали капакот лесно се вади, или мора нова? Имам рачна мелница за зачини, ама сакам да си земам вакви на Kotanyi што имаат и миксови од зачини. Spoiler: На вакви мислев
Вакви зачини на Котани најчесто купуваме дома.Многу се практични,со самото вртење на капакот се меле зачинот и ставаш количински колку сакаш. Но нажалост капакот мн тешко им се вади,или воопшто не е ни можно да се извади.Мн пати пробавме,но несака.Така да по завршување на зачинот може комотно да се фрли.За друго да се употребува не е можно или пак има некоја финта како да се отвори,но сепак мислам дека не може.
Одамна пред неколку години мајка ми купи некој сос во мало кутивче, имаше вкус сличен на мајонез, ама беше превкусен и паметам со помфрит го јадев, мислам дека имаше и некои точки во него, кремаст со црни точки некои, знае ли некој за кој сос станува збор???
Кокосово масло има во Био Космос, Бако, во аптеки, а може и во поголемите маркети. Поголемото пакување од околу 300 грама е околу 400 денари, јас пред некој ден си купив. А млеко до сега немам видено.
Каде има сушена банана? И дали воопшто има? Ги пробав во мусли и ми се допаднаа ама никаде немам видено.
Вода има во веро. Исто и масло Млеко немам видено, ама претпоставувам има во Биокулт во ГТЦ, таму има и масло и вода
Вакви мини мелници кои можат да се отвараат и да се дополнуваат, досега сум нашла само на Карфур (во нашиот ги има). Имам еден куп вакви на Kotanyi со шарен бибер и провансалска мешавина. Убаво се, но не се практични. Сега скоро ги открив овие на Карфур. Со прозирно капаче се, убава мелница и што е најважно се отвараат. Има само со шарен бибер и крупна сол, но кога ќе се дотрошат можеш да си дополниш со што ти одговара.