Ако бараш за правење, види во маркетиве има од Витаминка нови, се викаат Пастела. Има од карамела, кокос, лимон. Едно пакетче е околу 12 ден. Мислам дека последно во Рамстор гледав.
Каде има чипс со кашкавал? Но, само со кашкавал, не плус вкус на кромид и сл. Имаше пред 10тина години еден таков, бела паковка со сина лента горе и долу, но не ми воопшто текнува како се викаше.
Во кој дел од Веро можам чиа семе да најдам да купам, барав кај зачините не најдов, после и таму каде што има леќа, грав, такви ствари зрнести работи барав, ама не можев да најдам и се откажав.
Секаде по маркети ги држат на рафтови со кранчи, мусли, барови или било кој да прашаш од вработените ќе те насочат. Некад може немаат наредено па да тркнат од магацин да ти дадат.
Во тој бев, ќе одам утре пак.. Убаво ми изгледа кај колешки што видов дека јадат тоа, па стрвна одма, да пробам и јас.
Да јас најчесто во смути го користам, понекогаш и во овесна каша ставам.Тука мораш да го најдеш такви семиња има,житарки,фитнес барови прашај ги и тие вработените и сега ми текна исто го има на едни мали полици стоечки спроти рибата ама ти објаснив леле, тука видов во пластична чаша беше .Кај да одиш во секој маркет ќе најдеш чиа.
Во веро и тинекс сигурно, а верувам и низ другите големи маркети. Колачињава им се многу убави, а конкретно овие со овес и мед на сликата, совршени.
Во веро центар стојат карши специјал, на тие дијагонално поставените рафтови со леб. И јас прв пат ги скапав од барање. А во тинекс вчера ги барав баш и ги немаше... Не знам дали моментално нешто нема ама дефинитивно имам купувано и од веро и од тинекс.
Видов во категоријата за фотографирање, дека темата сега е бонбониера. Па се замислив, одамна немам видено некоја како од порано со различни чоколатца внатре. Имате ли некои предлози, да имате видено?
@Anika55 Тенк ју на одговорот Линдт ми се преценети искрено, и таман па како евтино чоколадо на вкус Но, ќе видам баш со другите.