Во кој од маркетиве има добро бело чоколадо? Прееска бев и во Кам и Стокомак и баш се зачудив немаше никакво освен едно за готвење.
Па, квалитетно има различно значење за мене, за тебе и за останатите членки. За некоја количината на шеќерот во чоколадото не е битна.
Скоро иста количина на 100гр содржат шеќер. Бело чоколадо без воопшто рафиниран шеќер само едно имам сретнато, и секако чоколадите со шеќер се далеку подобри од овие без.
Па добро она нека види има и на Линдт како поквалитетна ако бара.Јас ова ја земам еднаш во година ќејфот да ми помине кога сакам бело чоколадо и вкусна е.
Не знам каде да прашам па ќе се потрудам тука,сакам да купам air fryer мал и евтин бидејќи сама јадам и си правам за јадење и некако сакам да уложам во него и секој ден да можам да ставам во него и да си се пржи или пече. Ако имате било какво искуство ,имате дома би ми помогнало многу за да се снајдам . Јас овој го гледав најмал е и евтин како за 1-2 особа вика, но сакам да слушнам мислење од некој што користи или се разбира колку толку . Фала ви однапред
Не се однесува конкретно на храна, но сепак е поврзано со храната Oд каде можам онлајн да нарачам кутија за храна со поделби, нешто вака
Пред да нарачуваш онлине вакви кутии, побарај низ продавнициве што продаваат производи за домаџ мислам таму има голем избор. Ако си од Скопје, види во Џамбо, таму мислам дека гледав.
Каде можам да најдам торта шарлота ама барем малку да е слична со онаа 90 тите што ја правеа. Не сум сигурна која слаткара. Само го памтам вкусот кремаст и знам беше со два фила црн и бел. Бев мала тој период па незнам друго инфо. Или барем рецепт.