ги имам пробано, и мене воопшто не ми се допаднаа, премногу тегави ми беа, не можев ни две да дојадам
Јас не сум љубител на вакви работи и не знам да направам споредба какви треба да бидат бидејќи не ги јадам, затоа и реков дека не знам каков им е квалитетот. Само сакав да и кажам на Кримсон каде може да најде. Ама ако велиш дека се такви тегави тогаш веројатно нема ни да се топат убаво... Како и да е, за тие пари вреди да се проба дали ќе ги бидне за во топло чоколадо.
@Peppermint, ти благодарам. Следно одење во Карфур ќе ги побарам, баш сакам такви мелници. Имам рачна, старинска, мм ми ја купи од Истанбул со сет зачини, ама треба да ја полнам на секое мелење, и некако ми е смачено. А нонстоп мелам, на секое готвење. Не ми е тешко, ама да си олеснам уште малку @sesilija и @crimson , тие од КАМ врска немаат со marshmallows. Мислам дека им е поинаква структурата, овие во КАМ се како пенести, воздушести колачи. А marshmallows имаат повеќе структура како шам од белки ама печен-недопечен и тегав, барем мислам дека е таков. Не знам дали ме разбирате што сакам да кажам
фала, најдов во Веро во чашка со шлаг одозгора. купив вчера. инаку ми требаше за торта и очекував дека ќе биде во кесичка како пире од компир на пример, и само ќе го измешам со вода или млеко. ова што тие го продаваат е готов десерт, не знам дали може да се искористи и за торта. како и да е, го пробав вчера
Мене ми е вештачки...не е тоа тоа. Плус и замрзнат, не се осеќа убаво вкусот на костенот. Најдобро ако имаше од негде да си купиме чистени костени да не се малтретираме...јас радо би си правела пире, го обожавам!
Ова е анасон, класичен, а кардамонот има изглед ко семки од лимон, дури и мирис има таков. Во прав нема шафран, внимавај многу е јас, дури и премногу, се ставаат неколку парчиња од светов и тоа ако е квалитетен шафранот ќе даде и боја и арома. Иначе вистински египетски шафран многу е скап, во Истанбул ми побараа 50 евра за 2ипол грама. И јас сакав да ги отворам ама не успеав. Затоа си купив убава голема мелница, една за бибер, една за крупна сол и имам ушете една резерва за секој случај. Имаш во продавниците за здрава храна, на кило и не е многу скапо.
Знам дека е скап, јас во Шведска во прав купував во мали кесички, и се зачудив тука колку ефтин е и воопшто ја нема истата миризба.
Биокулт во ГТЦ би требало да има, претпоставувам и во таа малата продавничка за здрава храна во Буњаковец.
вкусот го прави шлагот и чоколадните трошки што беа одозгора . инаку мене ми треба чисто костен пире за еден колач. ако некој налета на чисто костен пире, нека извести
Каде можам да најдам кутија за торта за подарок или нешто друго во тој стил за да не ја носам така тортата? И исто така колку пари се прехрамбените бои од прилика?
Ако мислиш на вакво ѕвоно за торта Spoiler ги има во секоја продавница што продава вакви работи за низ дома, производител е Лихнида Охрид, а цената варира 150-200 ден, зборувам за пластични. Стаклените сигурно се поскапи.