И во кит го.. Јас од таму го земав ама не ми е убав за разлика од другите мачовци кои можам по цел ден да ги јадам
@bellak Во случај да го нема кај нас, наидов на рецепт, па може дома да пробаш https://ohmydish.com/recipe/andalouse-sauce
Не знам во кои маркети конкретно си проверила, ама во веро центар има посебни полици за сосови карши фрижидерите со свежо месо. Таму секогаш имало. Најснабден тинекс мислам дека е тој во Ист Гејт или во Лиса. Јас имам купено вакви од веро ама поодамна, дали има моментално не би знаела Spoiler Едит: на пазарчето Буњаковец имаше една тезга со буквално секакви зачини. Верувам дека таму ќе најдеш. Во првиот ред тезги кон куќите
Здраво, Дали има некој од Прилеп....на емисијата на Марк гледав дека има некое продавниче за купување кафе и мелење но не кажа каде поточно се наоѓа само слушнав дека сопственичката се вика Ленче... дали некој знае каде се наоѓа или како е името на продавничката....кажаа дека постои од 1981 година Поздрав
Каде има мали пакувања на мед, мармалад, еурокрем и путер? Пребарав на темава, сте пишале во Кит Го, имам отидено доста пати во тој во Бутел, немам видено. Така што, ако знаете негде на друго место?
Рамстор има сигурно, инаку не знам какви точно бараш. Ако бараш од оние што ги даваат по хотели такви има сигурно, а по некои продавници имам начекано мед, мармалад, нутела во мали теглички. Мене тие ми се поинтересни.
За тие по хотели што ги даваат прашував. Ама интересни се и овие ти што викаш, од тие имам видено мали нутели, ама ми се чини дека беа скапички а само една лажица има во тоа. Мед и мармалад во мали теглички немам видено.
Малечки теглички нутела имам видено во Веро во ГТЦ, мед имам видено во Веро во центар ама не беа како тие што се по хотели, туку како оние што се малите пакувања мајонез беа, епа во такви беа, путер имаш во Веро Џамбо исто, 11 денари се едно такво малечко парче а за мармалад не знам, немам видено нигде..