Треба да има, обично какао крем пишува на амбалажата. Мислам на Финети дека имаше какао крем, без лешници, ама не сум 100% сигурна.
Имаше во ДМ, во составот имаше какао, кокосово масло и агаве мислам, ама одамна го немам купено, не знам дали уште го имаат. А има и во Белина ама го немам пробано: https://www.bellina.mk/p/4256/jardin-bio-organski-namaz-od-kakao-350-gr?categories=219
*Не е храна, но поврзано со храна Каде да најдам од оние пластичните кутивки за една употребам? Мислам дека некаде на пластичарска би требало да има, ама ако знаете точно продавница многу ќе ми биде од помош да не лутам. За вака нешто мислам, различни големини и форми...
Сега потешко да најдеш дека луѓето се уште не купуваат свињи за колење, па нема маст. Тоа од почетокот на ноември. Инаку понекогаш тој период носат и по маркетиве, кам и Стокомак. И сега можеш да најдеш ако има нешто по маркетиве или некој да ти даде што чува од лани, да најдеш некој што продава на интернет.
@Rubiii во подобро снабдена аптека би требало да има. Каде да најдам масло за јадење во вид на спреј? Обично масло за правење палачинки ми треба. Со силиконско лажиче ставав досега во тавата ама вака со спреј попрактично ми е.
Има ли кај нас во Македонијава да се купи чурос? Летото земав во Грција замрзнат да се пропржи само малце тука немам видено