@Pixi5 Оф, сега прочитав дека си пишала за страната веќе, сум испуштила при читањето Ќе ја тагирам @Anika55, мислам дека нај ќе ти помогне
За нарачување онлине има секако, само напиши ротирачко подѕоље и ќе ти излезат повеќе продавници што испорачуваат онлине. А за продавница провери во Џамбо, Вицко, Базаро или во оние продавницине по пазарите што продаваат пластики. Би требало да има.
Вакви еднаш видов на соц мрежи дека некаде тука низ Стара чаршија ги има. Да не знаете каде точно во чаршија, кој дуќан?
Трансилваниско трдло во Чаршија, во златарската улица се. Имаа табла надвор, нема да ги утнеш ќе видиш на излогот дека нема злато Мене искрено ништо посебно не ми е.. И по Европа кога ги јадев, исто мислење имав
Не знам за сигурно, ама мислам кај нас се наоѓа како нишесте или густин. Мислам дека како замена може да се користи и пченкарното брашно.
Густинот е обично пченичен... пченкарен и јас барав едно време ми требаше за лижавчиња да правам ама не најдов. Гледам во Белина има пченкарен на страната ама Coming soon пишува...
Мене ми е за пудинг така би требало да заврши работа и обичен густин. Нема ли некоја замена на згуснувач за твоите лижавчиња?
Не можам да тврдам за други производители зашто не сум проверувала состав, ама на Dr. Oetker густинот е чисто пченкарен.