Настрана шопинг во Солун, ајде предложете места во Македонија каде може да се прошета и да се купат евтини обувки и облека. Можеби некој од помалите градови е идеален за ова, пишете искуства.
Други градови феминки? Мислам дека е убаво да знаеме и би можеле да одиме да купуваме таму, а и да прошетаме. Јас лично би одела во град каде не сум била, а има што да се купи, па и по евтини цени.
Како жител на еден помал град искрено не ти ги препорачувам малите градови, има мал избор, малце бутици со тоа и мала конкуренција и цените се изгор, попусти скоро и да нема, а кога има се на парчиња од пред 3-4 години што и не би ги облекле. Убаво погоре е споменато Прилеп има убав избор и евтино е, Охрид кога има попусти посебно крај на август почеток на септември кога е при крај сезоната е евтино.
Струга секогаш наоѓам ефтини секојдневни парчиња, исто и љубител сум на златен накит, па од таму си мењавам старо злато што имам дома, прекрасен избор има. Оваа година исто бев и допрва сум на свадби, свечени фустани си купувам од Охрид по симболични цени. Бидена сум два пати во Солун и не би одела никогаш на шопинг веќе, нема потреба кога и тука се наоѓаат убави стварчиња
Во Скопје, во Ромскиот пазар во Шутка, или на Битпазар кај Ромките на кутија што продаваат. Според стандардот и шопингот.
Штип бутик Нина за мене барем има секогаш убави раб таму.Само госпоѓата газдарица последнава година става плафонски цени
Мене Кочани ми е екстра за облека и обувки. Цените дури поевтини и од Штип. Имам другарка од таму, па редовно правам нарачки преку неа.
Јас гласам за Скопје, поради Сити Мол, затоа што има Зара, Манго, Скечерс, тоа што носам За другите градови не знам толку, освен за Кочани што сум била повеќе пати и знам дека имаат голем избор на копии по поволни цени