Нешто вака јас знам каде има, ако сакате инфо пишете ми, за цени незнам Не рекламирам само ги видов на фб
Спрингфилд, Бициани и Сорбино ...Евентуално Дизел... Со релативно пристапни цени, а сепак убави и (пак релативно) квалитетни работи...според мене за машки, таму има... Зависи до која цена и за какво тип и стил зборуваме
Исти вакви багуфче само наместо црна со розева основа беа во 2 продавници низ ГТЦ ги видов ама не запамтив кои обични продавнички во внатрешноста на гтц и високи
Вакви имам видено во ГТЦ во една мала продавничка на велезот ( Од кај Холидеј Ин незнам како точно да објаснам )на Smiki ( Кочански ) ги имаше вакви со црна подлога и со кремаста
Тоа би било тоа, за матура, со релативно ок цена, ако ме прашуваш мене Спрингфилд...ама и тие останатите што ти ги пишав погоре си се супер за таа пригода, бар според мене
Сте сретнале ли некаде вакви алки како на Јана ? Конкретно темно сина, црна, сребрена, бела боја ми треба. Болна ќе легнам по алкиве.
видов цветни во адесо на поцетокот на трговски карси соравија ама какви не загледав бас најубаво ако поминувас од таму провери си
Дај ако им ги знаеш спонзорите пиши сакото на Билјана од кај и беше претпоследната нејзина гала, од Бритни кога пееше Ако не ти е проблем И го бендисав
Е врска немам да ти кажам, Аксесорис незнам како го приметив , ќе си видиш наредниот понеделник на крај кога завршува галата даваат кои им се спонзори
Или по маалски како што ти кажа бројчето или прошетај на пазар , неколку тезги сврти и ќе имаш колку Јана
Јас мислам дека можеш да најдеш и во Џамбо . Мада мене ми се свиѓа се во Стружанка , па не се сомневам дека таму ќе најдеш
Фала ви. Ќе побарам за алките, една другарка ми спомна дека и во Теранова имало. Ама ептен мерак им мавнав.
Вакви фармерчиња, само не сокинати? Знам дека се едноставни и се прашувате зошто прашувам, ама никако да најдам еве баш вакви, складни, и прилепени и со низок струк. Се нешто безвеза ми паѓа во раце. И кратко палтенце, на тричетврт или кратки ракави, ама така поспортско? Ме сфативте? Не можам сликичка да најдам за да ви го претставам моделот .