Каде можам да најдам навивачки шал низ Скопје? Поточно каде има продавници за дресови, капи, шалови со фудбалски тимови?
Во Гтц има карши кино Милениум, и во подрум до кинеската продавница. @Loretta Има во Космо, а мислам и во Шатци. @Saraa Види во СараФешн. Имаат попуст.
Милан Поточно бев во таа што е на прв кат (над приземје) и немаше, а кога ја прашав продавачката дали се наоѓа низ ГТЦ во друга продавница ми рече не :/
Имаше и доле во подрум освен ако не ја затвориле. И не ми е јасно како немале од Милан. Јас си мислев бараш од некој ш тим па немаат. Можеш и на зелено пазарче да видиш. А и спортскиве продавници може да ти се од помош. Обично имаат дресови и тренерки. Па прашај може и шал имаат.
Девојки каде да најдам убава шпиц штикла 35ка број, црна или месо боја?До сега сите што сум ги гледала биле од 36ка па нагоре.Ја всушност носам 36ка патики и чизми, ама поради тоа што имам тенко стопало, кога пробам некоја шпиц штикла имам луфта од страните и големи ми се.Поради овој проблем, многу тешко си наоѓам штикли. Имам најдено вакви штикли на алиекспрес ама тоа некако како последна опција го чувам и така не сум задоволна од али веќе некое време.Па ако може некоја што има мала нога како мене, да ме извести.
Јас проблемов го решавам со тоа што секогаш бирам со ременчиња. Дури и 35ка ми прави луфта поради тенкото стапало, затоа гледам да има ременче и решен проблем. Сеа, јес дека поубави се оние ама што е тука е...
Имам црна сукња со висок струк вака што се шири и ми треба некоја ваква кратка маичка.Да не биде ептен со деколте или како корсет, туку како на сликава (поприбрана).
Каде можам да најдам туника како на сликава, волку едноставна и ролка да е? Ако знаете многу ќе ми завршите работа
Каде има ваква боја штикли,некои поинтересни модели,слични на овие? Да не се лаковани само. За Велес и Скопје поточно ме интересира
Тие се од Зелено пазарче кога одиш накај Кисела Вода, после казиното цел ред е со продавнички за чевли.
Ми треба обично, памучно боди со прерамки, ама во црвена боја.. Дали воопшто постои, и ако сте виделе кажете каде ПС. Важи само за цена како за боди, а не занес потрес