Ова наводно го нема веќе во Zara, ако случајно сте виделе барем едно останато во гужвата во тие купови облека или во Солун ако некој бил и го видел ве молам нека ми каже. Фала дечки!
Веднаш тезгата позади автобуската кај зелено пазарче, држат капчиња и шалчиња, и баш вакви вчера ги гледав во различни бои.
Ако не ти се доста тие места што ти ги пишаа имаше и на Битпазар - мене ми беа преубави. Во секакви бои од бели, крем, кафени, плава, црна, бордо. Избор колку сакаш. На главната улица беа наредени сите.
и јас сум иста, ептен ретко, имаше едно дуќанче на бит пазар и таму секогаш имаше 35, микажаа и дека во Тетово има 35ки од повеќе модели за чевли. Така да ако најдиш негде би ти била благодарна да ми пишеш
Во буњаковец трговскиот има една продавничка INtima мислам се вика после Венеција кафичот или околу него беше, гледа на страната на партизанска. 250 ден им се, а слични а памучни имаш и на тезгите во Буњаковец по 130 ден
@staymotivated Во оутлетот во БТ оној од кај лизгалиштето имаше убави купачи PUMA. Тие што јас ги гледав беа дводелни и околу 1400 ден.
Пред некој месец видов во Еуроазија, нели од старите колекции, 500ден беше, но ќе мора многу детално да бараш. А сега скоро видов во Теранова, само што не беше скај туку некое друго материјалче да личи на кожа, околу 600-700.
Ако сакаш оригинални Converse, можеш да ги најдеш само во продавниците на Arthur's, а такви има во ГТЦ, Рамстор, Сити Мол, и мислам дека имаше една во Мавровка, не знам дали се` уште функционира. Ако сакаш патики што само изгледаат како Converse, можеш да побараш во некоја од продавничките на Бит Пазар или накај Кисела Вода, само што не знам дали моментално држат платнени патики затоа што е зима. Има во Calliope и моментално се намалени, мислам дека потенките беа 699, а подебелите 999. Веројатно ќе ги намалат уште повеќе по празнициве.