Баш таа боја пантолони има во Еуроазија на распродажба значи за пониски цени. Само не се прилепени туку прави се.
Убави балетанчиња ? Поевтинки така,да можам 2,3 пара да земам Во трафик во кисела вода знам имаше евтинки и во Аванти-ама оддамна не сум била. И секое друго место што го знаете е добредојдено
Бројче, бледо розеви пантолони има во К.Вода во една продавничка не знам како се викаше, но ги има на излого. Мало продавниче, после Трафик-Европа, мислам и дека златара имаше, ама не сум сигурна. ПРед него има продавница за чевли поголемка.
Бројче за палтенце да видиш во ЕуроАзија, темна мастила боја, малку ко шушкаво е, многу е убаво, околу 1200 ден. е на Стравидариус мислам
Бројче не знам баш дали искинати ќе најдеш ама можеш негде да најдеш обични и со жилет да завршиш работа . А за палтенца во Евроазија сум гледала ама дали те носи наваму патот не знам
Во Теранова имам видено,само што горе се на ластик,немаат копче патент,нешто ко фармерка-хеланка ако ти текнува
^Имам исти од ТелиВеил Можда ќе најдеш такви или слични . Кога ги видов одма на таа продавница ми текна А можно е и во Теранова
Ее да да само не баш ваква боја зачадено сиви беа да ама овие како со точки флеки се а тие како со линии. Јас си имам купено темносини такви преубави се
Баш вакви, јас кога барав никаде немаше, па си купив од Турција. Нешто слично имаше во ЕвроАзија уште летото. Слична варијанта. На друго место не сум видела. Тие во Теранова се хеланки, ај донт лајк дем.
eeeeej вчера видов вакви, значи влагаш у ГТЦ идеш накај Спицикото. Од десно ти е зегин, Стилисимо ова она. Пред зегин има продавниче со облека. Иначе за сите заинтересирани има секакви цветни блузи и фустани и 1000/1500 се, прилично ефтини, додуше има стално убави и поефтини работи. Епа тука ги видов фармеркиве и знам не беа скапи околу 1500 да речеме. Беа малкуцка поишарани.
^ Како мислиш со линии?? Јас тие што ги видов баш вакви ко на сликата беа,знам точно,ама имаше повеќе модели Едит:Ова за Плавуша17 е
Леле старфиш за хеланките морам да искоментирам . Не знам дали си ги пробала ама јас било кои да ги пробам такви многу ми стојат грдо измеѓу нозе , тој предел Па уште да седнеш , за нигде изгледа .
Па не беа вака точкесто ишарани поинаку беа како флекави зачадени неописиво ич не ми се свиѓаше тој модел а имаше и други
Девојки да не сте виделе нешто вакво .... привезок слонова коска (заб ли е тоа што ли е.. нема везе, а може и пластика да е ако е добра имитација ) и ваква алка барам... знам дека има во Орифлејм, ама 200 денари не су за бацање за вакво алче благодарам
зависи од каде се јас земав од веро мода незнам дали ви е позната марката ама фантастицно стојат како прави фармерки и ги обожавам ги утепав цела година сите 3 пара
Вакви видов баш пред некој ден во Евро азија,во Веро центарот и беа околу 500ден. (има попуст и на др. фармерки во боја) може малку појака розе беа.Не ги пробав само ги видов и беа прави не изглеадаа за прилепени,но ако ти се допаѓаат има решение за тоа,да ги стесниш
Мене од Теранова скроз залепени ми стојат и како фармерки. Може е до величината, напред кај мене се залепени моите се ХХЅ уствари ги има во модни критики поназад на една слика, може поголемите бројчиња стварно се такви