Знаете ли каде можам да најдам ВИСОКИ шпиц штикли не оние класичнине 8-9-10 цм... нешто над 13-14 цм во Скопје секако.. Само не ми кажувајте Шантел ве молам
феминки, кажете ми секојдневни блузи, еластични и подолги, каде можам да најдам? доколку имате и некој сајт од мк пишете го....баш сакам нешто да се подновам а сакам да бидам сигурна дека ако порачам нешто од интернет дека нема да биди со лош квалитет
Дали некаде сте виделе вакви високи чорапи, проѕирни, а горниот дел (стегачот) да е црн? Благодарам однапред
Со силикон или баш овакви за со халтери? Обични без силикон има во Санда, а би требало и во секоја поснабдена чорапара.
Може и такви и такви, макар што мислам дека овие без чипка се и без силикон, туку се за со халтери. Јас веќе имам без халтери, со црн стегач горе, ама и чорапите се црни, а за проѕирни прашував низ повеќе продавници и не најдов Мислам дека бев и во Санда, но повторно ќе проверам. Благодарам
Јас летово купив машки кожен паричник од LC Waikiki за 560 денари, се разбира дека беше од оние тенкине на преклоп али сосема убав и елегантен за тие пари, имаше и малку подебели со оние додатоци и беа околу 700 или 800 ама кожни исто. Црни и кафени ... Кога скоро бев таму баш гледав и имаа пак некои такви цени за паричниците. Па се надевам дека ти помогнав
Здраво, ако некој бил низ спортскиве продавници (sportvision, sport m) дали ќе може да ми каже дали се продаваат адидас суперстар?
Ги има во Buzz во City Mall (линкче), тоа е продавницата веднаш до делот за храна на последниот спрат Мислам дека беа околу 6000 денари.
Каде има намаление на Дуки Дасо чанти и колку % е намалението ако знаете ? Во една продавница беше 20%, ама се си мислам дека некаде и повеќе е, и ако може линк.
Ќе бидам офф топик,но ќе споделам една информација која знам дека на некој од вас ќе ве израдува За прв пат во македонија ќе се отвара продавницата H&M и тоа во тетово во новиот трговски центар Rem Mall .. Отворањето ќе биде наскоро ,таму ќе бидам јас ,па што и да ви треба прашајте