убави балетанки, сандали, салонки и секаков вид на женски чевли имате во шантел и тоа сите се по 600 денари. јас си купив 3 пара и прекрасни се...инаку шантел има во кисела вода после трафик и во гтц на 2 спрат мислам дека беше...
Ај ве молам кажете каде да најдам убави штикли на платформа, и нормално не по некоја будалска цена...
Во секоја продавница за чевли има штикли на платформа. А вкусот е релативна работа, па мислам дека никој не би знаел да ти одговори на прашањево вакво какво што е, затоа прошетај и побарај си.
Особено како чизмичкиве сакам, немам видено нигде ниту некој да носи барем слични. Можеби ќе бидат хит наредната есен-зима колекција. Во Солун би имало вакви ?
Кога бев последен пат не видов, а и незнам дали ќе најдеш сега чизми, не им е сезоната. А за балетанчиња чипкани има надеж
Девојки да не знае некој каде можам да најдам вакви синџирчиња, ама поефтини. Во Делфина има ама 100 ден. метар, а со толку нема ни за едно ланче. А многу ми требаат, имам материјал, имам идеи, ама немам синџирчиња
ај едно прашање за струмичанки дали некој завидел низ дуканите некое сако може црно или тегет ама онака едноставно без никакви додатоци на него ок ракавите може да се поткренати односно да не биде свечено и цена ама солидна да е јас шетав пред две недели тотална утка ништо немаше сега не знам како е
Вакви работи има во една продавница кај женски пазар.......кога идеш накај атлантик комерц по таа улица одма карши влезот на женски пазар има уличка лево,одма пред атлантик комерц и се гради нешто тука работат и одма е прва оваа продавница,, внатре има милион работи....монистри,камења, вакви синџирчиња, ленти, што све не.....ќе видиш цела продавница е за такви материјали. прашај некој ќе ти кажат да се снајдеш поточно....Се надевам добро објаснив
Во Ил Камино имаш убави за 650 денари на платформа, видов пред 1 недела на Бит Пазар што е, не знам дали уште има-провери си
каде мозам да најдам плутени сандали или кондури на полна пета нешто вака ,само може да биде полна пета
Девојки да не знаете каде има убави блузички по кратки али до 500 ден. јас барав и се беа некои околу 700 ден Благодарам однапред
ваков привечок видов вчера на бит-пазар ковчето беше беличко, прикачено на златна основа со златно синџирче мислам дека беше 180 денари