Ги гледам многу често во последно време, ги има во секоја продавница за бижутерија, последно ги видов во една продавница за бижутерија во подрумите во ГТЦ, близу до ескалаторите. Повторно во подрумите во ГТЦ, мислам дека продавницата се викаше Палма, но не сум била таму одамна, па провери дали се` уште постои Знам дека имаше метални пехари, но не ги гравираат, за тоа мора да најдеш некој друг. Сличен ваков, но со долги ракави и V-израз напред видов во Bershka. Имаше сив, црн и црвен, и беше 1000 или 1200 денари. Air Max можеш да најдеш на повеќе места во City Mall, но не знам дали ќе ја најдеш истава комбинација на бои. Моментално не сум видела никаде, па најдобро е да купиш сина маичка и да ја испринташ.
Имаш бутик баш за вакви Шерил Хил фустани во ГТЦ, на втор спрат, мислам дека и така се вика бутикот, не ме држи за збор. Само влезот не е баш воочлив, мислам дека има едно како пролазче/ходниче целото со стакла и во него има неколку влеза за различни продавници. Порано пред самиот влез се продаваа некакви изрезбани свеќи. Ако си од Скопје сигуирна сум дека си го видел бутикот. Баш и додека си на приземје кога ќе погледнеш нагоре се гледа бутикот на наредниот кат. Ептен лошо ти објаснив знам,ама поентата ми е има во ГТЦ продавница баш со вакви модели
Дечки ептен ми е итно. Дали некој некаде видел маичка со полна месечина? Не битно дали е машка или женска? Цена небитна исто. Битно да е црна по можност со полна месечина. Нешто вака.
Во Мега фешн, околу 500ден. Во Агенс, тоа е во градски ѕид, после Космо Тинекс а пред полициската Беко.
Некаде вакви? Важно ми е да е ваков модел,не од тие со гума од страните, а дезенот префериран е ваков houndstooth но може и нешто друго.
А оргинал се на таа страната? Јас мислам дека се копија и не вредат за парите. Ако грешам нека ме просветлит некој
Девојки каде има убави фустани за полуматура иии каде можам да најдам штикли и плик ташни?? Благодарам однапред
Најгоре во ГТЦ можеш да начекаш убави свечени фустанчиња. Штикли секогаш купувам од Биана бидејќи ми се најудобни, неколку продавници во ГТЦ носат нивни чевли. А за плик ташна најубаво да си видиш на женски пазар и бит пазар, истите што се во бижутериите ги има таму на пола цена.