девојки дали некоја видела clutch ташничка во кремаста или беж боја но да биде од материјал како превртена кожа??
Мoже не е прaшaњевo зa тукa aмa итнo е...дaли знaете кaде дa нaјдaм спреј зa кoсa вo бoјa??Ми требa црн и бел.. вo џaмбo немaaт Некoј дa видел ????
Во Капитол и во Сити мол на штандовите на Хемел ја има козметикава. Во Сити мол мислам дека во близина на Котон беше штандот, а во Капитол е одма до лотаријата.
"Кожни" јакни до кај 2000 ден.? Само да бидат со нормална должина, не прекратки и конкретно каде има. Благодарам
@Libera Деновиве бев во потрага по таква јакна во износ до посочената сума и можам да ти кажам дека потешко се наоѓа. Најчесто се 2200, 2500 и повеќе, а и не вредат за толку скапи. Единствено види во Waikiki каде има модели какви што бараш во неколку бои (тегет, бордо, црна и кремова) по цена од 1949 ден. Има и поскапи, но тие се друг модел, изработени се од помек материјал (кратка должина и повеќе патенти и копчиња) што е малку изгужван.
Каде низ Скопје можам да најдам вакви слични ниски сандали? Да не сте виделе некаде? Зборувам за овој тип на модел :
Вакви видов, баш слични се, во буњаковец имаше лани. Незнам како беше името на продавницата, ама е од комерцијална кога одиш накај универзална, после после месарата после скалите. Така нешто.
Оригинал старки имаш во Конверс во ГТЦ и во спортски продавници како Спорт вижн и Спорт М. А фејк имаш на бит пазар, шутка и сл, на али експрес има многу ефтини, али било од каде ако купиш фејк рачунај дека ќе ти траат една пролет, максимум и лето.
Вакви чевлички низ Скопјево? Може и најобични без чипка, битно ми е да се светли, бела или крем боја.
Да не знае некој кај да најдам вакви тексас по Скопје, го прошетав цел Сити Мол нема никаде. И ако знае по колку се.
Некој дали видел вакво лелеаво фустанче, право што паѓа, на тенки прерамки, ама да биде со некоја ваква слична суптилна декорација (не со шљаштави монистри)?