Каде можам да најдам вакви богати , погламурозни обетки?Само да не е некаде онлајн со нарачување, за побрзо време ми ги треба
Helenadia. Побарај на фб да не ставам линкови овде.Имаат преставништво во Охрид и Струмица мислам но се нарачува и онлајн.
Здраво. Сакав да прашам дали знаете да некаде низ Скопје има слични овакви како сандали дека ми е скапо да давам 2700 некако не ми вредат толку. Барам да бидат од напред со тоа како врзано поточно по слични на сликата а немора да се на штикла. Фала однапред http://www.bershka.com/mk/shoes/woman/view-all/lace-up-low-heel-sandals-c1521697p6887095.html
Не е за мода, ама ајде овде да прашам. Од каде можам да купам од оние малите тегови за вежбање? И по која цена?
Во Џамбо имаш ,Ранерс, секаде за спортска опрем,ама во Џамбо ти е најсолидна цена,зависи од килажа. Од 2кг мислам еден е 300ден
Девојки во Parfois има 50 % на одредени артикли. Доколку некоја од вас била нека пренесе што точно е на попуст и има ли воопшто избор?
Ташни за на рамо во стил на поштарска торба, како подоле на сликата. Имав среќа пред 2 години од шутка ваква црна си купив за 400 денари, уште ми држи, ама сакам и други бои. И по пазарите ако има кажете, ама да знам сигурно целно да одам, не да лутам