Ако не си купила веќе, види во аутлетот на Спорт-М. Беа од 170ден ПАР за пола кило, па нагоре. Многу подобар квалитет од овие во Џамбо, а поевтини. Јас, конкретно, ги гледав во аутлетот во Топанско поле, ама веројатно ги има и во тој кај Борис Трајковски.
Не ме држи за збор, но мислам дека беа на champions или некоја друга спортска марка, пластиката ми изгледаше многу поквалитетна од оние во Џамбо. Ако не ти се брза, деновиве ќе одам да купам, па ќе постирам слика и ќе ти кажам точни цени.
@Avery Е баш супер, секако не се брзам, па подобро да направм инвестиција, отколку да ги купам за џабе Многу ти благодарам
На зелен пазар убаво и трпеливо разгледај ако сакаш поефтино. Иначе во woman secret и lisca посоленки цени.
Девојки каде можам да најдам убава спортска облека како за на вежбање? Штосни хеланки/шорцеви и маички? Не ми се оди во Најк/ Адидас една комбинација да направиш 100 евра те фаќат
Имам бело кошулче ко на првата слика и сакам вакви шорцеви, многу е добра комбинацијава. Каде можам да најдам вакви шорцеви низ Скопјево ?
женски не знам дали е за тука прашањето, ама сакав да ве прашам дали знаете негде кај можам да стеснам прстен и колку кошта отприлика?
дали ги имате видено овие патики во аутлетите кај борис трајковски и која цена се? бидејќи во city mall ги има само со розеви ленти...
Девојки ајде да ми посочите бутици со фустани, посвечени како за на свадба во Скопје, може и Тетово, Гостивар.... со понормални цени, да не се 150-200е.
Во Скопје, бутик Енџел. Има две продавници, во Бисер и во Центар. Долгите фустани се претежно 3000 ден. а кратките околу 1500-2000 ден. Имаат голем избор. Лани за свадба купив од таму, долг, преубав е.
Во секоја златара теснат прстени, за цена не би знаела да ти кажам.. Зависи од дебелината и големината. Прашај во неколку златари ќе видиш каде ти одговара цената.
Женски ми требаат градници кои се само чипка, без никакво полнење и во форма на триаголник. Имате некаде видено??
@Chimera Во ну јоркер во Веро видов 499 беа. Мислам дека беа на дебели прерамки од чипка. @t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Во Гостивар претежно се посолени цените, Тетово имам слушано дека има солиден избор со прифатливи цени ама незнам да ти кажам бутици, не сум шетала. А би ти го препорачала бутик Белисимо во ГТЦ најгоре од страната на Еко, има добар избор на фустани со понормани цени.
Бутици во Штип и Велес со убава роба, конкретно за фустани прашувам? Може линкови доколку имаат фејсбук страна