Незнам, еве пиши им на едниве: https://m.facebook.com/profile.php?id=585430071618692&tsid=0.35655525233596563&source=typeahead
Јас имам купено на попуст уште пред 3 години (ќе се потепавме со една жена за нив), ниту се искривиле, ниту се одлепиле, ниту боја смениле
Каде низ Скопје можам да најдам Lacoste патики? И вакви по можност да не видел некој? Oднапред благодарам
Зарем нема во Тропоко и Чик? Ми се врти дека гледав на излогот. Во Чик имаше во саботата жолт на излогот. А за овој знам , немаше уште пред две недели. Го пробуваше другарка ми.
Lacoste патики има во продавницата на Lacoste во Рамстор (таму е најмал изборот), има и во Office shoes и во Sport M, понекогаш има и во аутлетот кај Дијагностички центар. Но, мој предлог ти е да си купиш во странство, таму е многу поголем изборот, има нова колекција и можеш да начекаш добар попуст. Овие што ги носат кај нас се колекции од пред 3 години и иако се стари колекции, сеуште ги продаваат по цени како да се најновата колекција.
Женски страници на фејсбук за вака понакитени обетки? До сеа сто имам видено, коа ми треба ни на една не ми текнува.. ПлиЗ?
Сакам ваков фустан за полуматура, дали сте виделе некаде или сличен со иста боја?Доколку не најдам ќе ми шијат, но немам толку време и незнам дали ќе ми биде ист како на сликата. И некој што шиел фустан во Сакам Мода , би ми го направиле ист?
Ваква слична сукња? Не ми е важна шарата, туку формата. И материјалот да не биде ептен тенок и да изгледа како од алиекспрес да е купена, туку попристојна. И цената да не биде повеќе од 500-600 ден.
Мене во Сакам Мода не ми оставија добар впечаток искрено. Фустанот кој го сакав ми рекоа дека со нивен материјал ќе го направат за 3500 денари, плус гратис краток фустан, а се да платам однапред. Јас не сакам ни капар да оставам (и не оставам) а не па однапред 100% да платам. Чисто за споредба, шиев во сосема друг салон, и материјалот кој го купив сама ме чинеше 3300 денари, плус 3000 за шиење. Е сега, што овие ќе направеа за 3500, ако реално материјалот само за едниот чини 3300, не знам. П.С. Ако те интересира каде и што, пиши ми ПП, фустанот мој излезе подобро од очекуваното.
Каде да најдам балетанчиња од оние за на физичко? Немам идеја ни во каков тип продавница да ги барам. Помагајте ве молам