Девојки не знаев каде да го поставам прашањево па затоа овде прашувам дали некоја знае каде би можела да најдам тетрис од оние како во нашето детство, за подарок ми е :/
Знаете ли каде може да се најдат обични летни памучни фустани до колена? Има Котон ама предолги се, имате видено?
@kate89 Јас пак со тој New Yorker, ама последен пат пред околу една недела, мислам дека видов таму. Бели и меки беа, фармерка материјал, мислам дури дека имаше и други светли бои како: нежно виолетова, розе, ептен нежно жолти, бебешко сини, значи пастелните тонови во ептен нежни нијанси.
Оф топик, ако некој од Дака фешн чита, најдобронамерно им кажувам да си ја предизајнираат страната, очајна е, фонтот, црнилото, фејк позите... дури и да има убави парчиња, не можат да се забележат.