Девојки барам долг фустан со должина како на сликата? Овој на сликата е многу скап па не би дала толку пари, нешто слично да ми предложите.
Истиов модел но во циклама боја го земав лани од Џамбо, а имаше и други бои (и црни), за околу 200ден Не сум била скоро да видам што има, но ете можеш да провериш. @buba4e89 и @ванилала да видите ако ве носи патот во Шутка, има макси фустани.
Каде има ефтини купачи низ Скопјево, слушнав у некое бутиче во гтц пошто не ми се даваат пари за нешто што секоја година менувам хахаха
Каде да најдам ист ваков модел на бикини, шарата не е важна, важно е долните да се на врзување од страна, а горните триаголници. Во сара фешн веќе проверив и не најдов. И ве молам без скапи брендови од типот на Lisca.
девојки, PLEASE одговор, во недела одам на одмор, а стварно немам време да го вртам цел град и да шетам на жешково
Sara Fashion. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=906813579445814&id=144136305713549 еве го линкот.
Девојки ајде помош, каде можам да си најдам штикли не многу високи така си средна штикла но да бидат како со дрвена штикла кафена или крем боја со ремчиња.?
Штотуку ми пцојса новчаничето за шминки за во ташна што ми е, и ми треба итно друго (значи одма од работа да појдам да купам). На памет ми падна Џамбо (нејќам на пазар да одам), па дали сте виделе таму, има ли?
Девојки ве молам препорачајте ми продавница за чевли, ми треба сандала крем или златно, на штикла околу 8 см, со пошироко ремче напред затоа што имам прилично широка нога...
Ама не сакам на пазар да одам Топло ми е и многу гужва има. Сепак денес после работа ќе појдам до Џамбо, се надевам ќе најдам.