Можеби не е за тука прашањево, но сепак ќе прашам. До колку работат бутиците во гтц во недела, ако воопшто работат?
Сличен модел на здолништа како на првата слика има во Calliope .Освен џебови и копчиња на средина има и колан на врзување. Не се сеќавам на конкретната цена, но бојата е темно маслинеста и имаше избор на величини.
Не те разбирам. Ако не се откопчува, не се ни закопчува. Делот напред нема никаква функција, само ги приспојува двете корпи.
Има во сите продавници на Бит Пазар или во Кисела Вода. Најголем избор има во Janni & Janni и Xcess Shoes. Не знам што точно бараш, но има и затворени штикли, и сандали, и лакирани, и плишани Има во New Yorker, во City Mall стојат пред касата, а во Веро мислам дека беа во машкиот дел. Имам видено и во Waikiki, но нема голем избор на бои.
Еееј банданиве другарка ми ми збореше дека во сити мол ги имало сегде и ефтини биле,а јас па си купив од грчка за 1,50 евра иста таква црно бела
Каде можам да најдам тесен (долг) фустан со шлиц од страна кај едната нога? Пред некој ден видов една девојка што носеше и ептенннн се замерачив да си купам таков.
Девојки сте виделе некаде бели фармерки со висок струк, по можност неискинати? Не видов никаде низ Сити мол...
Каде можам да најдам од оние привезоци за ташна што се сега во мода? Нешто како на сликава немора оваа боја.
Ги има на Бит Пазар кај Бугарките во сите бои. Сум ги видела и во некои продавници за бижутерија, но на Бит Пазар се сигурно поевтини, мислам дека беа околу 100 денари.