Барам ваков модел на ранец ама и да биде доволно голем за книги Ве молам кој видел да ми каже ама во Скопје да е тоа ,благодарам
Јас кога бев за Германија имаше вакви ранчиња и навистина беа многу убави незнам зошто не си купив а тука во Македонија не сум сретнала но мислам дека има
Морам да најдам сегде ќе пребарам и ако јас најдам ќе ти кажам од каде е Леле многу се убави морам да имам
Каде да најдам ваков модел на здолниште во Скопје (не мора ист принт) и која е најниската цена по која може да ги најдам?
Провери во Ваикики.Имаше вакви и со морнарски шари. Инаку во врска со сукната што прашував два-три поста погоре, ја имало во Страдивариус, другарка ми ја носеше вчера, ми кажа од таму ја купила. За џабе прашував.
Дечки ваква јакна или ваква јакна ? Имаше во Бершка како на првата слика ама беше буквално како ливче тенка и предолга.
Една другарка има како втората од Pull & Bear ама не знам дали ја имаат дека беше од предходната есен-зима колекција
Kako prvata pred nekoj den gledav vo Zara a kako vtorata vo Vaikiki. Modelite bea tie no ne vo ovaa boja.
Незнам дали е темава само за облека, но ќе пишам тука ако грешам не ми замерувајте. Дали некоја негде во скопјево видела плав-син кармин, и по која цена ? Благодарам
Имаше во Бебел Фешн, гледав и во Мана, а и во Купи евтино. 550 денари. Јас зедов од Бебел пред некој месец 2 такви. За јакна како на втората слика ѕирни во Њујоркер.
http://www.bershka.com/mk/woman/new...r-hood-c1010052079p100735019.html?colorId=752 Дечки кај можам да најдам некоја ваква јакна ама на попуст? Не дека е скапо 2000ден но да не сте виделе негде поевтина? Не мора ни крзното да го има Фала ви
Дечки,прашав еднаш сега пак Имате ли видено некаде бели балетанки и тегет балетанки,едноставни,удобни за одење? Никаде не можам да најдам,сите продавници ги поминав.
Рано е за јакни, не е сезона. Кога ќе почне сезоната, провери во Шутка, нема што нема, а лани имаше вакви модели.